klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Просечната нето плата во мај 49.544 денари

Просечната нето плата во мај 49.544 денари
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·22. 07. 2026. 12:19:23

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесуваше 49.544 денари, а во однос на мај лани е повисока за 8,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 11,9 проценти, Уметност, забава и рекреација за 11,3 проценти и Транспорт и складирање за 10,9 проценти. Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 6,3 проценти, Рударство и вадење камен за 5,8 проценти и Транспорт и складирање за 5,7 проценти. Во мај 2026 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесувала 74 482 денари.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti