klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Прошатална средба на претседателот Гаши со амбасадорот на Чешката Република во земјава Лудва

Прошатална средба на претседателот Гаши со амбасадорот на Чешката Република во земјава Лудва
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·20. 07. 2026. 12:17:40

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, денеска имаше проштална средба со амбасадорот на Чешката Република во земјава Јарослав Лудва, чиј мандат наскоро завршува. Претседателот Гаши, во името на пратениците и во свое име, му се заблагодари на амбасадорот Лудва за посветеноста и ангажманот за унапредување на односите меѓу Македонија и Чешката Република и за продлабочување на меѓусебното пријателство и соработка. Тој изрази уверување дека амбасадорот Лудва ќе си замине од Македонија со многу убави спомени. Претседателот се заблагодари на Чешката Република за постојаната поддршка што ја добиваме на нашиот интегративен пат и изрази уверување дека таа поддршка ќе продолжи во наредниот период. Амбасадорот Лудва ја потенцираше одличната соработка што ја имал со Собранието и истакна дека Чешката Република ќе остане силен поддржувач на Македониjа и пријателска земја на која можеме да сметаме. Тој го поздрави реформскиот процес што го реализира нашата држава, во согласност со Планот на раст и нагласи дека Македонија е најдобра во Регионот во овој поглед. Претседателот Гаши му посака на амбасадорот Лудва многу здравје и успех во натамошните професионални предизвици.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti