Пронајдени дрога и оружје во Голема Речица – зад решетки едно лице

МВР соопшти дека е лишен од слобода А.А.(57) од Голема Речици кај кого се пронајдени пиштол и кокаин. Претресоот бил извшрен вчера, од 15:00 до 16:30 часот, врз основа на судска наредба. -Извршен е претрес во дом и други помошни простории во село Голема Речици кај А.А.(57) поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. При претресот, во една од собите во подрумската просторија под кревет пронајден е еден пиштол марка „екол дуал“ со една празна рамка, додека во помошна просторија во склоп на куќата во навлаката од перница пронајдени се 22 мали најлонски кесички со кокаин и една поголема најлонска кеса со кокаин, информира МВР. За време на претресот лицето упатило закани кон полициските службеници и е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка. По документирање на случајот против А.А. ќе следува соодветен поднесок.
Povezane vijesti

Претрес во Голема Речица, лишено од слобода лице кај кое се пронајдени оружје и дрога
