klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Промените во владиниот состав познати вечер по седницата на Извршниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ

Промените во владиниот состав познати вечер по седницата на Извршниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·30. 06. 2026. 06:38:48

Промените што ќе ги донесе реконструкцијата на Владата се очекува да бидат објавени вечер по седницата на Извршниот комитет на на владеашката ВМРО-ДПМНЕ. Во изјава за медиумите премиерот Мицкоски вчера нагласи дека за најавената реконструкција на Владата принципиелно има договор со коалициските партнери „Вреди“ и ЗНАМ, но оти персоналните решенија ќе бидат објавени вечер по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. - Да, ние не сме разговарале за персонални решенија, за имиња. Принципиелно имаме договор за ресорите. Јас во минатото кажав, додека не се заврши седницата на Извршниот комитет на партијата, нема да коментирам ниту ресори ниту имиња. Почекајте до утре, некаде до 20 часот, јавноста ќе биде детално запознаена - рече Мицкоски на новинарско прашање што е договорено со ЗНАМ и „Вреди“. За промени во другите ешалони, Мицкоски рече дека со тие активности ќе се продолжи од септември. -Овој месец е предвидена реконструкцијата на Владата, предвиден е ребалансот на буџетот и доколку има потреба, одредени седници, со кои ќе се донивелираат одредени реформски закони кои се потребни за реформската агенда. Потоа, колку што сум информиран, во август Собранието е на годишен одмор, така што продолжуваме од септември понатаму - рече Мицкоски. Првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti