klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Прогласена вонредна состојба на Крим, илјадници возила заглавени на Кримскиот мост

Прогласена вонредна состојба на Крим, илјадници возила заглавени на Кримскиот мост
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·26. 06. 2026. 19:04:22

Властите на Крим и на градот Севастопол денеска донесоа одлука за прогласување регионална вонредна состојба со цел побрзо решавање на насобраните економски проблеми - соопшти гувернерот на Крим, Сергеј Аксјонов, пренесува агенцијата ТАСС. „Заедно со гувернерот на Севастопол, Михаил Владимирович Развожаев, донесена е одлука за потпишување указ за прогласување регионална вонредна состојба во Република Крим и во градот Севастопол. Оваа одлука е донесена првенствено заради решавање на економските прашања, напиша Аксјонов на својот канал на Телеграм. Вонредната состојба стапи во сила денеска во 13 часот по московско време. Гувернерот објасни дека правната рамка што ја носи вонредната ситуација овозможува најефикасно решавање на прашањата поврзани со стабилното функционирање на сите области од кои зависи егзистенцијата на населението. Аксјонов претходно апелираше до граѓаните да користат „здрав разум“, да не им подлегнуваат на гласините и да не шират лажни информации за недостигот на гориво во регионот. Тој напомена дека дефицитот на нафта на Крим и понатаму е акутен, но нагласи дека сојузните и регионалните власти интензивно работат на негово решавање, иако голем дел од преземените мерки не се јавно објавени. – Ги повикувам жителите на Крим да не веруваат во гласини и да не ги шират, да не им се препуштаат на емоциите…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti