klik.world
Zdravlje Sjeverna Makedonija

Прогласена епидемија во Гостивар

Прогласена епидемија во Гостивар
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·19. 07. 2026. 15:52:17

Заради зголемениот број на заболени со стомачни тегоби, епидемиолозите од Центарот за јавно здравје пријавија епидемија. Во изјавата која ја дадоа попладнево во тетовскиот центар ги наведоа и причините за овој чекор. Засега не се знае што ја предизвика заразата во Гостивар. - Поради зголемениот број на заболени со гастроентеритис и надминување на лимитот на неделно ниво, Центарот за јавно здравје Тетово, Одделение за епидемиологија Гостивар, пријавува епидемија на ниво на подрачјето на Општина Гостивар, рече д-р Зорица Зафироска епидемиолог. Таа информираше дека последниве денови е зголемен бројот на заболени. Во последните 24 часа, според информациите од Општата болница Гостивар, на преглед на инфективно одделение се јавиле 204 пациенти, од кои тројца се болнички лекувани. На педијатриското одделение се јавиле 140 пациенти, од кои 105 деца се нови пациенти, а 35 се контролни прегледи, и 9 пациенти побарале помош во Ургентниот центар. Зафироска кажа дека не е познат причинителот и од каде доаѓа, а дека се во тек анализи и испитувања. - Сè уште не го знаеме изворот на заразата и причинителот уште ни е непознат. Во тек се испитувањата и чекаме резултати да видиме за што се работи. Редовно ја следиме состојбата, редовно спроведуваме епидемиолошки увиди, ги анкетираме заболените…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti