klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Прогласен е црвен аларм на Сицилија: Ерупција на Етна го парализираше аеродромот во Катанија

Прогласен е црвен аларм на Сицилија: Ерупција на Етна го парализираше аеродромот во Катанија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·10. 08. 2026. 09:50:59

Високата вулканска активност на италијанската планина Етна денеска предизвика нарушувања во авиосообраќајот на аеродромот во Катанија на Сицилија, додека најактивниот вулкан во Европа продолжува да исфрла големи количества пепел и вжештени парчиња карпи. Според Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ), густи текови лавина истекуваат од два отвора на надморска височина од 2.360 и 2.750 метри. Поради потенцијалната опасност за воздушниот сообраќај, сите слетувања на блискиот аеродром во Катанија денеска се прекинати до 17 часот (15 часот по Гринич), соопшти операторот. Воздушниот сообраќај е нарушен веќе неколку дена, во екот на туристичката сезона. Погодени се и летовите од Сицилија, поради што туристите морале да го користат аеродромот во Палермо, главниот град на островот, или наместо тоа да патуваат со воз. Во моментов е во сила највисокото, црвено ниво на тревога. Тоа значи дека ерупција проследена со значителен облак од вулкански пепел е неизбежна или веќе е во тек. Етна, која е висока повеќе од 3.300 метри, често еруптира и постојано се следи. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti