Проф. Грозданова: Придобивките од имунизацијата за сезонски грип го зголемија интересот кај ризичните групи, очекувам да се смени перцепцијата и за канцер-терапевтските вакцини како ХПВ

Последните промени во календарот за имунизација ги направивме 2024 година, кога за ХПВ вакцината воведовме вакцинација и кај момчиња и кај девојчиња, и преминавме од четиривалентната на деветвалентната ХПВ вакцина. Сега предвидуваме воведување на поливалентни, односно со повеќе серотипови пневмококни вакцини. Досега ја користиме 13-валентната пневмококна вакцина, очекуваме дека ќе преминеме кон поголема валентност, 15- односно 20-валентна вакцина. Тоа се тековните промени што ќе бидат во овој временски период. За ХПВ вакцината да најавиме дека ќе се даде препорака да се прима и до 26 години и кај индивидуи коишто се епидемиолошки и клинички во ризик, вели во интервју за МИА, проф. д-р Александра Грозданова, професор на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и претседател на Националната комисија за имунизација при Министерството за здравство. Таа најавува дека следна препорака од експертската комисија ќе биде РСВ вакцината, односно вакцина за респираторниот синцицијален вирус кај ризични групи на ноовороденчиња кои се раѓаат во периодот кога РСВ е доминантен како вирус. Проф. д-р Грозданова во интервјуто говори и за превентивното одложување на БСЖ вакцината кај новороднчиња во очекување на набавквата од нов производител, за опфатот со вакцинација кај различни вакцини, за повеќевалентните вакцини, за важноста од здравствена едукација на…


