Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. На минатото рочиште градежните вештаци одговараа на вкрстени прашања од одбраната. Наодите во врска со материјалите употребени во објектот, особено полиуретанскиот сунѓер за акустична изолација, како и реконструкциите и интервенциите врз конструкцијата на објектот, беа во фокусот на испитувањето. Професорот на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски, во својство на вешто лице одговараше на прашања на одбраната на првообвинетиот Дејан Јованов, адвокатката Ивана Коцевска, од каде што произлегува констатацијата во вештачењето дека на спуштениот плафон имало полиуретански сунѓер. Марковски притоа посочи дека во објектот не биле пронајдени остатоци од сунѓерот бидејќи целосно изгорел, но дека заклучокот е заснован на фотодокументација, снимки, наодите од другите вештачења и трагите пронајдени во објектот. Предмет на испитување беа и градежните интервенции извршени при реконструкцијата во 2012 година, меѓу кои и зајакнувањето на меѓукатната конструкција со челични греди. Во однос на начинот на кој било изведено зајакнувањето, Марковски појасни дека не станува збор…
Povezane vijesti

Pljevlja: Dva muškarca se potukla, treći povrijedio članicu porodice koja se umiješala
ODLOŽENO SUĐENJE ZA PRVU OTMICU ZEMUSNKOG KLANA: Novaka "zemunci" oteli maskirani u policajce i opljačkali stan njegovih roditelja, mladić se posle torture ubio
