klik.world
Region Sjeverna Makedonija

Продолжува гаснењето на пожарот во централна Грција – во текот на ноќта евакуирани села

Продолжува гаснењето на пожарот во централна Грција – во текот на ноќта евакуирани села
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·01. 08. 2026. 09:29:36

Над 300 пожарникари интервенираат во големиот пожар што избувна вчера наутро во областа Виотија во централна Грција, што сè уште не е ставен под контрола, а во текот на ноќта од бројот 112 за итни случаи беа испратени пораки за превентивна евакуација на четири населени места, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот избувна вчера наутро и поради силниот ветер, што сè уште дува во областа, огнената стихија брзо се прошири и утрово се активни неколку жаришта. Во текот на ноќта беа испратени пет пораки од бројот 112 за итни случаи до жителите и оние кои се наоѓаат во четири населени места во близина на пожарот, да се евакуираат. Утрово, 12 лица со пловни средства на противпожарната и крајбрежната служба, по морски пат беа евакуирани од крајбрежното место Порто Гермено. Евакуации по морски пат имаше и во текот на вчерашниот ден, како што објави МИА, кога 254 лица беа пренесени на безбедна локација. Противпожарните сили денеска беа дополнително зајакнати и утрово интервенираат 325 пожарникари со 18 пешадиски тима и 92 возила, волонтери и цистерни од општината, а за гаснење од воздух на располагање се 18 авиони и 11 хеликоптери, но нивната интервенција зависи од временските услови, односно од јачината на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti