Продолжи судењето за „Пулс“: Презентирани листинзи од телефонска комуникација

Со изведување материјални докази од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството најпрво презентираше докази од екстракција и анализа на телефонска комуникација од мобилните на првообвинетиот Дејан Јованов и неговиот син Михајло Јованов. Се презентираа СМС пораки и вибер комуникација на Дејан со контакти како што биле запишани во неговиот мобилен - Началничка Марија, Цеце, Тодор Јованов, Весна Инспекторка приватен, Лазе Жти, Ацо командант, Магдалена Лиценца, Вики економија, Благица Диско... Од презентираната документација, Обвинителството читаше како Дејан Јованов Деко добивал информации за можни рации во дискотеката, како комуницирал со вработени, инспектори, полицајци и неговиот син за како да постапуваат, но и дека бил потсетуван дека му истекува лиценцата и треба да побара продолжување... Обвинителството презентираше комуникација со вработени во Економија и полиција што му даваат информации за најава за контрола на малолетници, кога му истекува лиценцата, како и комуникација меѓу Дејан и неговиот син Михајло, поврзана со функционирањето на правните субјекти каде се тие активни. На 16 март 2025 Михаил Јованов во комуникација со Дејан го известува дека има рација во „Булевар", од полицајци од Радовиш кои не се „наши" и дека…
Povezane vijesti
