Продолжен рокот за државната поддршка – за приклучок или котел на гас

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со мерките што директно им помагаат на граѓаните да инвестираат во поекономично, поефикасно и почисто греење. Во „Службен весник“ е објавена Програмата за изменување на Програмата за поттикнување за снабдување со гас во домаќинствата за 2026 година, со која рокот за аплицирање за финансиска поддршка се продолжува до 31 октомври 2026 година. Со оваа одлука, Министерството отвора дополнителна можност за сите домаќинства кои сè уште не успеале да аплицираат, да ја искористат државната поддршка и да добијат до 30.000 денари, односно до 70 проценти од направените трошоци за приклучок на природен гас или за набавка на котел на гас. За реализација на мерката се обезбедени 3 милиони денари, а средствата ќе се доделуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“, до нивно исцрпување. Продолжувањето на рокот е донесено со јасна цел – што поголем број граѓани да добијат можност да ја искористат оваа мерка и да ги намалат трошоците за греење, истовремено користејќи почист и поефикасен енергенс. Право на аплицирање имаат домаќинства кои во текот на 2026 година ќе извршат куќен приклучок на системот за дистрибуција на природен гас, како и домаќинства кои ќе набават котел на гас за објект што веќе…

