Процеси кои се случуваат во телото при вљубеност

Не е сè до „пеперутките“ во стомакот. Група хормони и невротрансмитери управуваат со нашите емоции, однесувањето, како и начинот на кој ги градиме меѓучовечките односи. Научниците посочуваат дека различни хемиски супстанции управуваат со речиси секоја фаза на љубовта, од првичната привлечност и возбудата, до долготрајната приврзаност и чувството на сигурност, покажуваат научните истражувања. Станува збор за група процеси кои се активираат кога ќе ни се допадне некој. Забрзано срцебиење, потење на дланките, постојано мислење на таа личност, се само дел од процесот на вљубеност. Со вљубеноста почнува да се лачи ендорфинот, познат како хормон на среќата. Со негово лачење се подобрува расположението, создавајќи чувство на сигурност и спокој. Ендорфинот игра значајна улога во долготрајните врски, бидејќи придонесува емоционална стабилност и блискост меѓу партнерите. Втор на листата е допаминот кој прави постојано да мислиме на партнерот. Тој е главен на почетокот од вљубеноста, невротрансмитер задолжен за чувството на задоволство и награда. Овој хормон е „виновник“ поради честото идеализирање на партнерот, постојаното мислење и големата желба за средба. Според научниците допаминот ги активира истите мозочни центри кои го активираат чувството на задоволство. По него доаѓа окситоцинот, хормонот што ја создава довербата. Познат како „хормон на поврзаноста“, окситоцинот се лачи при прегратки, бакнежи…
Povezane vijesti

Izmenjen saobraćaj zbog radova na održavanju okretnice "Borča 3"

"Zbog Asmina sam izgubila...": Stanija u samoj završnici Elite 9 otvorila dušu do srži i rekla sve o Durdžiću
