klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Проблемот на професионалните возачи го решаваме самостојно, веќе се издаваат долгорочни работни визи, вели Николоски

Проблемот на професионалните возачи го решаваме самостојно, веќе се издаваат долгорочни работни визи, вели Николоски
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·16. 07. 2026. 10:45:47

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски е задоволен од активностите за надминување на проблемите со престојот на македонските професионални возачи во шенген-зоната и истакнува дека со процесот што државата го води самостојно преку билатерални разговори веќе им се издаваат долгорочни работни визи. - Ние разговорите ги водиме билатерално. Имавме активности што беа јавни, но имаме и доста активности на дневно ниво и така ќе продолжиме да работиме. Веќе се договоривме со Швајцарија, со Хрватска, Романија, во финална фаза сме на договор со Словенија, со Австрија и со Германија, што на некој начин го решава целокупниот проблем на македонските транспортери преку издавање долгорочни работни визи за нив, а кои веќе почнаа да им се издаваат. За Грција и за Бугарија веќе функционира, односно се водат како прекугранични зони и таму воопшто и не се бројат деновите на престој - рече Николоски на новинарско прашање. Тој потенцира дека државата не е и нема да биде дел од ниедна група на земји од регионот и го води процесот самостојно затоа што било злоупотребено од одредени други земји, како што рече, дел за естрада дел за политички поени таму. - Сè што кажаа од тие соседни држави до сега не се…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti