klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Приведен пијан пешак, се движел по автопатот Гостивар–Тетово

Приведен пијан пешак, се движел  по автопатот Гостивар–Тетово
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·03. 08. 2026. 20:51:19

Педесетгодишен маж е приведен откако пијан се движел како пешак по автопатот Гостивар–Тетово. Од МВР информираат дека случајот бил откриен денеска околу 2:30 часот кај клучката „Тучевиште“, каде полициски службеници забележале пешак на коловозот. Станува збор за О.А. (50) од селото Неготино, кај кого со алкотест биле измерени 1,65 промили алкохол во крвта. Според МВР, при преземањето на службените дејствија тој ги омаловажувал полициските службеници, поради што бил задржан во полициска станица. По целосното документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti