Природонаучниот музеј на Македонија одбележува 100 години – еден век наука, истражување и грижа за природното наследство

Природонаучниот музеј на Македонија на 26 октомври одбележува значаен јубилеј – 100 години постоење, научна посветеност и истражување на природното богатство на земјава. По повод стогодишнината, во Македонскиот народен театар ќе се одржи свечена академија посветена на еден век работа на институцијата која низ децениите прерасна во значаен чувар на природното наследство и негов непроценлив сведок за идните генерации. На свечената академија ќе бидат доделени плакети на соработници, институции и компании кои оставиле значаен белег во развојот на Музејот, оддавајќи им признание за нивниот придонес во унапредувањето на неговата работа и афирмацијата на природното наследство. Со околу 400 000 музејски примероци, Музејот чува вредни сведоштва за геолошкото минато, растителниот и животинскиот свет и биолошката разновидност на земјава. Основан во 1926 година, Музејот ги обединува збирките од областа на геологијата, палеонтологијата, ботаниката, зоологијата и ентомологијата. Зад нивното создавање, збогатување и научно проучување стои посветеноста на генерации научници, кустоси, препаратори и истражувачи, кои придонесле за документирање и зачувување на вредни сведоштва за природата. Значајно место во работата на Музејот има и едукативната дејност, преку која природните науки им се приближуваат на младите, се поттикнуваат љубопитноста и истражувачкиот дух и се развива свеста за потребата од заштита на природата. Стогодишниот јубилеј е и…
Povezane vijesti

Plenković nakon sastanka sa Spajićem: Očekujemo dalje rješavanje pitanja u cilju završetka pregovora Crne Gore

Župan s gradonačelnicima i načelnicima: Zadaci Županije jednosmjenska nastava i skrb o starijima
