klik.world
Zabava Sjeverna Makedonija

Принцот Хари сака да се смири со кралското семејство

Принцот Хари сака да се смири со кралското семејство
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·21. 10. 2026. 07:44:41

Во последното интервју, британскиот принц Хари изрази надеж за помирување со својот татко, кралот Чарлс Трети, и со остатокот од кралското семејство - со кои односите му се затегнати уште откако се пресели во Соединетите Американски Држави пред шест години. Хари (42) - помладиот син на кралот, предизвика раздор во британското кралско семејство во 2020 година, кога тој и неговата сопруга Меган Маркл се повлекоа од своите кралски должности и се преселија во Калифорнија - од каде што подоцна упатуваа остри критики кон кралското семејство. Со години, Хари речиси и да не разговара со својот постар брат - принцот-престолонаследник Вилијам, а дури неодамна почна да ги поправа односите со својот татко, кралот. Принцот Хари, кој неодамна се врати во Обединетото Кралство со Меган и нивните две деца, во интервју за списанието „Џи-кју (GQ)“ изјави дека сака да ги поправи овие односи. - Постојат несогласувања меѓу браќа и сестри, затегнати односи меѓу децата и родителите - или пак, меѓу децата и еден од нивните родители... Со оглед на сè што се случува во светот, помирувањето е најважната работа, рече тој. Тој притоа додаде дека ја разбира фасцинацијата на јавноста од случувањата во кралското семејство, истакнувајќи дека многу луѓе можат да се…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti