klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Пријави се денеска, трчај во октомври

Пријави се денеска, трчај во октомври
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·28. 07. 2026. 04:26:04

Скопје повторно се подготвува да стане центар на трчањето, спортскиот дух и позитивната енергија. На 4 октомври 2026 година ќе се одржи 22. издание на Виз Ер Скопски маратон, а пријавувањето за најголемиот тркачки настан во земјата е во полн ек. Вториот рок за пријавување завршува на 31 јули па сите кои планираат оваа есен да застанат на стартната линија се повикуваат навреме да го обезбедат своето учество и да започнат со подготовките. Виз Ер Скопски маратон е настан за сите – од професионални атлетичари и искусни тркачи, до рекреативци, почетници, компании, спортски клубови и тимови кои сакаат да споделат заеднички предизвик. Без разлика дали целта е да се истрча првиот маратон, да се постави нов личен рекорд, да се направат првите чекори во светот на трчањето или едноставно да се биде дел од една голема спортска приказна, секој може да го пронајде својот предизвик. Интересот за овогодишното издание веќе има силен меѓународен карактер. Досега се пријавени учесници од 52 земји, што уште еднаш го потврдува угледот на Виз Ер Скопски маратон како значаен спортски и туристички настан во регионот. Покрај најбројните домашни натпреварувачи од Македонија, најголем број пријавени досега има од Србија, Германија, Велика Британија, Шпанија, Италија, Франција, Унгарија…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti