klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Прифатен Годишниот извештај за работата на ДКСК за 2025 година

Прифатен Годишниот извештај за работата на ДКСК за 2025 година
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·26. 08. 2026. 10:51:37

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница го прифати и проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) за 2025 година. Членовите на комисијата ги прифатија и посебените извештаи на ДКСК за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања за избор на градоначалници и советници во општините во Република Северна Македонија, како и за повторните избори за градоначалници на општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа - 2026 година. Во собраниска постапка беше доставен и годишниот извештај на ДКСК за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, за период 01.01.2025 - 31.12.2025 година и завршен извештај за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, за период 01.01.2025 - 31.12.2025 година. Годишниот извештај за работата на ДКСК во 2025 година, според претседателот Адем Чучуљ, претставува фактографски приказ на работата на Комисијата во изминатата година. Според него, во Комисијата биле примени 612 пријави, а донесени 583 одлуки од надлежност на комисијата. - Издадени се вкупно 111 прекршочни платни налози за прекршоци утврдени со Законот за спречување на корупцијата и судирот на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti