klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од пожари

Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од пожари
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·29. 06. 2026. 14:49:26

Денеска (29.06.2026) полициски службеници од СВР Куманово, СВР Штип и Полициското одделение Чашка на подрачјата на општините Липково, Берово, Свети Николе, Пробиштип и Чашка реализираа превентивни активности за заштита и намалување на ризикот од настанување на шумски пожари и пожари на отворен простор, како и внимателност при извршување земјоделски работи. На граѓаните им беше посочено дека е потребна континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување како фрлање и палење ѓубре, палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и сл. со цел брза и навремена реакција. Исто така, на граѓаните им беше укажано дека предизвикувањето пожари е кривично дело, кое соодветно законски се санкционира. -Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци и ОВР Делчево во Кавадарци и Делчево пак, реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Вози технички исправно возило“, при што, беше нагласена обврската за редовно одржување на техничка исправност на возилата, како клучен предуслов за безбедно учество во сообраќајот, додека полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Неготино, во Неготино реализираа превентивна активност на тема „Користи сигурносен појас“, нагласувајќи ја обврската за задолжително користење на сигурносен појас во…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti