klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Превентивна активност на МВР и РСБСП: Апел до возачите да возат одморени

Превентивна активност на МВР и РСБСП: Апел до возачите да возат одморени
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·08. 08. 2026. 09:46:02

Во рамки на летната кампања „Безбедно лето 2026 – Вози одморен“, вчера на автопатот А1, на наплатната станица Романовце, во периодот од 17:00 до 18:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), спроведе превентивно-едукативна активност наменета за возачите. Активноста беше насочена кон подигнување на сообраќајната култура и безбедноста на патиштата, со посебен акцент на ризиците од управување со возило во состојба на замор, особено во услови на високи температури и зголемена фреквенција на сообраќај во летниот период. На возачите им беа поделени едукативни флаери, а преку непосредна комуникација им беше укажано да не управуваат возило доколку се чувствуваат заморни, да прават почести паузи при подолги патувања и да внесуваат доволно течности, особено вода, за време на патувањето. Министерството за внатрешни работи и РСБСП и понатаму ќе продолжат со превентивни активности насочени кон заштита на сите учесници во сообраќајот. Сообраќајната безбедност зависи од секој од нас – секој живот е важен.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti