klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Претставата „Сладолед за жени“ премиерно вечерва на 41. издание на ШКЛ

Претставата „Сладолед за жени“ премиерно вечерва на 41. издание на ШКЛ
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·09. 07. 2026. 10:47:20

„Сладолед за жени“ е новата театарска претстава која премиерно ќе биде изведена на 41. издание на Штипско културно лето (ШКЛ), соопштија од Театар Штип. Премиерата на претставата во режија на Никола Ристов е вечерва во 20 часот. Театар Штип во соработка со Артонаут Штип и Штипско културно лето ја најавува премиерата на претставата „Сладолед за жени“, по мотиви на Мишел Лов, во режија на Никола Ристов. "Сладолед за жени" е претстава во која смеата и непријатноста одат рака под рака. Низ остри дијалози и апсурдни ситуации, претставата ги отвора големите теми - вината, лагите и моралот - но без големо морализирање. Наместо тоа, покажува колку човечката глупост може да биде опасна, а понекогаш и трагикомична. Во свет каде никој не е целосно невин, а никој не е доволно паметен да ја сокрие вистината "вкусот" останува. И не поминува лесно. Добредојдовте во една просторија полна со тајни, нервоза и многу хумор. Прашањето не е "кој го направи тоа?", туку и "што правиме сега со тоа?". Играат: Анѓелка Нашкова, Елена Шорова Дербов, Марија Минчева Андонов Премиерата е во склоп на Штипско културно лето (ШКЛ 2026), а влезот е слободен.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti