Претседателот на АФА ги смири Аргентинците: Не наседнувајте на лаги и теории на заговор, Шпанија беше подобра

Претседателот на Фудбалската асоцијација на Аргентина (АФА), Клаудио „Чики“ Тапија, им се обрати на навивачите по поразот од Шпанија во финалето на Светското првенство 2026, апелирајќи да не се шират лаги и теории на заговор. По поразот во финалето, во Аргентина почнаа да кружат различни тврдења за наводни надворешни притисоци, вмешаност на разузнавачки служби, закани кон семејствата на репрезентативците и други објаснувања за неуспехот во борбата за одбрана на светската титула. Претходно, селекторот Лионел Скалони и неговиот помошник Роберто Ајала ги отфрлија ваквите шпекулации, признавајќи дека Шпанија заслужено победила, а сега истата порака ја испрати и Тапија. „Не наседнувајте на лаги. Тие беа супериорни и нè победија чесно“, напиша Тапија на социјалните мрежи. Во подолгото обраќање, првиот човек на аргентинскиот фудбал ја повика нацијата достоинствено да го прифати поразот. „Не можевме да ја победиме Шпанија. Беа подобри, нè победија чесно и тоа мора да го признаеме. Во спортот се учи и така што поразите се прифаќаат со истата достоинственост со која се слават победите“, порача тој. Тапија истакна дека поразот е болен, но не смее да го засени сето она што оваа генерација го направила за аргентинскиот фудбал. „Да, го загубивме финалето. Но, вистина е и дека оваа група ѝ…


