Претседателот Гаши на 67. Генерално собрание на ПАБСЕК во Тбилиси

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, учествуваше на 67. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК), што се одржува на 30 јуни и 1 јули 2026 година во Тбилиси, Грузија. На свеченото отворање на Генералното собрание, претседателот Гаши се обрати со говор пред делегациите на земјите членки на ПАБСЕК, изразувајќи го посветувањето на Република Македонија кон регионалната соработка и евроатлантската интеграција. Во своето обраќање, Гаши ги поздрави домаќините и нагласи дека регионот на Црното Море претставува витален коридор за поврзување, трговија и меѓународни контакти. Тој посочи дека овој регион е богат со историја, култура и потенцијал, но исто така се соочува со бројни предизвици кои бараат колективен напор и солидарност. Без разлика дали станува збор за економски развој, безбедност, заштита на животната средина или општествена кохезија, заедничката иднина зависи од силата на соработката и врските кои ги градиме денес. Претседателот Гаши особено ја потенцираше важноста од инклузивноста и рамноправното учество на сите чинители во регионалниот дијалог, нагласувајќи дека само преку сеопфатен и инклузивен пристап може да се постигне одржлив развој и општествена хармонија. Во таа насока, тој ја потврди непоколебливата определба на Македонија кон интеграцијата во ЕУ, оценувајќи го членството во Европската Унија…


