klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Претседателката на Република Индија се обрати во Собранието

Претседателката на Република Индија се обрати во Собранието
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·21. 07. 2026. 15:03:22

Собранието беше домаќин на официјалната посета на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму. Ова е прва посета на претседател на Република Индија на Македонија, што претставува значаен момент во развојот на односите и зајакнувањето на соработката меѓу двете земји. Во рамките на посетата на Собранието, претседателката Мурму беше пречекана од претседателот на Собранието, Африм Гаши, со кого одржа тет-а-тет средба. По средбата, таа се потпиша во Книгата на впечатоци на Собранието, каде што изрази благодарност за гостопримството и ги истакна историските, културните и пријателските врски меѓу двата народа. Меѓу другото, претседателката Друпади Мурму им се обрати на пратениците и на граѓаните на пленарна седница на Собранието. Во своето обраќање таа нагласи дека демократијата е вредноста што ги обединува Индија и Македонија, додека парламентите се чувари на слободите на граѓаните и огледало на националната совест. Говорејќи за односите меѓу Индија и Македонија, таа истакна: „Ние не ја сметаме Македонија за далечна земја, туку за важен столб во градењето одржлива, мултиполарна и просперитетна глобална иднина.“ Таа говореше и за историските и културните врски меѓу двата народа, посебно истакнувајќи ја личноста на Мајка Тереза, „најпознатата ќерка на Скопје“, која Индија ја нарекуваше свој дом. Претседателката Мурму најави дека за време на својата посета…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti