Претседателката на Индија Драупади Мурму денеска во официјална посета на Република Македонија

Претседателката на Индија Драупади Мурму денеска пристигнува во официјална посета на Република Македонија, во рамки на нејзината европска турнеја која ги опфаќа и Молдавија и Романија. Посетата има историско значење, бидејќи станува збор за прва официјална посета на индиски претседател на Македонија од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји. За време на престојот во Скопје, се очекува Мурму да се сретне со државниот врв, при што во фокусот на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералната соработка, економските односи, трговијата, инвестициите, информатичката технологија, образованието и науката. Во рамки на посетата се предвидени и средби со претставници на бизнис-заедницата, како и активности посветени на зајакнување на културните врски меѓу двете земји. Посебно симболично значење има и фактот што Скопје е родниот град на Света Мајка Тереза, една од најпочитуваните личности во Индија, што претставува силна културна и духовна врска меѓу двете држави. Кој е Драупади Мурму? Драупади Мурму е претседателка на Индија од јули 2022 година и е 15-ти претседател на најнаселената демократија во светот. Таа влезе во историјата како првата претседателка која потекнува од домородната заедница Сантал, една од најголемите племенски заедници во Индија, како и најмладата личност што ја извршувала оваа функција. Пред изборот за претседател, Мурму имаше долгогодишна…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

Preminula bivša natjecateljica za Miss Universe (35), svi su u šoku: 'Što se dogodilo?'
