Прераната употреба на паметен телефон го загрозува здравјето на детето

Дебатата за возраста кога детето треба да го добие својот прв (паметен) мобилен телефон трае со години. Решение постои, но родителите ретко одлучуваат да го сторат тоа. Родителите честопати не се свесни колку се променил начинот на којшто децата ги користат мобилните телефони. Додека некогаш главно се користеле за повици и пораки, денес на телефонот има цел виртуелен свет. Децата бараат мобилни телефони сè порано и порано, а многу родители попуштаат во таа битка, и покрај советите на психолозите да се почека. Затоа стручњаците се сè позагрижени за неколку здравствени опасности поврзани со употребата на мобилен телефон во детството. Научен труд на Американската академија за педијатрија ги истражуваше потенцијалните опасности за децата кои го добиле својот прв мобилен телефон пред 12-годишна возраст и открива три загрижувачки проблеми со коишто тие деца би можеле да се соочат како тинејџери, пишува „Јортанго (YourTango)“. Пред сѐ, прекумерната употреба на паметни телефони е штетна за менталното здравје на која било возраст, а најмладите се уште повеќе подложни на развој на депресија. Иако социјалните мрежи можат да ги поврзат луѓето, тие исто така, можат да ја поткопаат самодовербата на корисникот кој, на пр., постојано се споредува со другите. Постојаниот прилив на известувања, пак, создава нездраво…

