Пренџов: Следниот обвинител на ОЈО ГОКК да го преиспита случајот што Абази го затвори, 14 луѓе загинаа, не може никој да не е виновен

Љупчо Пренџов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во своето гостување во ,,Вести плус“ на телевизија Канал 5, се осврна на случајот со модуларната болница во Тетово, кој во моментов е актуелен, откако Ислам Абази го затвори предметот. Според Пренџов, неприфатливо е случајот да биде затворен без одговорност, затоа што, како што вели тој, станува збор за објект набавен и платен од државата во периодот кога министер за здравство беше Венко Филипче. ,,Ако вие имате случај во којшто изгорел еден објект, којшто бил набавен и платен од државата. Ако во тој објект изгореле 14 наши сограѓани, јас никогаш нема да се помирам со фактот дека тој случај може да биде затворен, уште помалку да се извиниме на некој којшто тогаш бил власт и директно одговорен за набавката на таа модуларна болница“, вели Пренџов. Тој нагласи дека не може да се очекува јавноста да се помири со тоа што нема утврдена одговорност. Пренџов посочи дека и самиот не може да се помири со тоа што случајот е затворен, токму во пресрет на заминувањето на Абази од функцијата и истакна дека очекува неговиот наследник повторно да го разгледа предметот. ,,Мојот светоглед не дозволува да ако Ислам Абази како шеф на ОЈО ГОКК, којшто го затвора…
Povezane vijesti

Стотици жени го посетиле Кабинетот за мајки и жени по породување на Клиниката за психијатрија

САД очекуваат Приштина да ги исполни своите обврски за косовските Срби доколку сака обновување на стратешкиот дијалог со Вашингтон
