klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Пренџов: Размената на искуства со САД е силен поттик за помодерни и потранспарентни институции

Пренџов: Размената на искуства со САД е силен поттик за помодерни и потранспарентни институции
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·24. 07. 2026. 19:31:20

Пратеникот Љупчо Пренџов порача дека размената на искуства и добри практики со пријателите и партнерите од Соединетите Американски Држави претставува значаен поттик за изградба на поефикасни, помодерни и потранспарентни институции во Македонија. Во својата објава, Пренџов истакна дека ваквите средби имаат важна улога во унапредувањето на билатералната соработка и отворањето нови перспективи за развој. „Размената на искуства и добри практики со пријателите и партнерите од САД е силен поттик за изградба на поефикасни, помодерни и потранспарентни институции. Уверен сум дека токму ваквите средби ја зајакнуваат соработката меѓу Македонија и САД и отвораат нови можности за напредок во интерес на граѓаните“, напиша Пренџов. Тој нагласи дека продлабочувањето на партнерските односи меѓу двете земји е важно за спроведување на реформските процеси и за унапредување на институционалните капацитети во корист на граѓаните.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti