klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Премиерот Мицкоски во Дебар на доделување станови за социјално загрозени категории на граѓани

Премиерот Мицкоски во Дебар на доделување станови за социјално загрозени категории на граѓани
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·01. 08. 2026. 07:42:42

Претседателот на владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска (1 август) во 11:00 часот ќе престојува во Дебар, каде ќе присуствува на свеченото доделување на 47 станови за социјално загрозени категории граѓани. По доделувањето на становите, премиерот ќе даде изјава за медиумите. Право на користење на социјален стан имаат лица над 18 години кои до полнолетство биле згрижени во институции и други облици на згрижување деца без родители, корисници на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни природни непогоди, лица со попреченост и нивните семејства, социјално загрозени припадници на ромската заедница согласно националната стратегија, како и самохрани родители со малолетни деца. Со доделувањето на овие 47 станови, се обезбедува трајно станбено решение за дел од најранливите категории граѓани во општина Дебар.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti