klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Премиерот Мицкоски ќе ја посети фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола

Премиерот Мицкоски ќе ја посети фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·09. 07. 2026. 06:23:55

Претседателот на владата, Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола, а потоа ќе изврши увид во градежните активности за реконструкција на новата училишна зграда на ООУ „Коле Канински“ во населбата Буковски Ливади. Како што соопшти владината прес-служба, посетата на фабриката „Кромберг и Шуберт“ е предвидена за 12 часот, додека во 13 часот премиерот Мицкоски ќе ја посети локацијата каде се одвива реконструкцијата на училиштето во Општина Битола. Предвидено е премиерот Мицкоски по посетите да даде изјава за медиумите.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti