Sport Sjeverna Makedonija
Премиерна победа на македонските ракометари на Европското кадетско првенство

Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·03. 08. 2026. 16:24:04
Македонската кадетска ракометна репрезентација ја забележа првата победа на Европското првенство кое се одржува во Србија, откако попладнево ја совлада Италија со убедливи 33-23 во воведниот натпревар во групата 1 во разигрувањето за пласман од 9 до 16 место. Избраниците на селекторот Горан Кузмановски од самиот почеток на дуелот во Белград стекнаа водство од три голови разлика и на полувремето заминаа со предност од 17-13. Македонските ракометари во продолжението континуирани ја зголемуваа предноста, а при водство од 24-18 со серија од 5-0 дојдоа до двоцифрена предност и сигурна победа. Бобан Поповски со максимална реализација беше најефикасен со девет голови
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


