klik.world
Kultura Sjeverna Makedonija

Премиерата „Татко“ ја отвора годинешната драмска програма на „Охридско лето“

Премиерата „Татко“ ја отвора годинешната драмска програма на „Охридско лето“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·13. 07. 2026. 12:32:32

Драмската програма на „Охридско лето“ започнува вечерва со премиера на театарската претстава „Татко“ од Флоријан Зелер во режија на Иван Поповски што ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 21 часот. Претставата е во продукција на „Театарот на еден актер“, која е продолжение на продукцијата „Театар и филм – БМ“, основана во 2001 година од Бајруш Мјаку. Овој проект, по 25 години ги враќа Поповски и актерот Мјаку во заедничка претстава, по исклучителната „Дневникот на лудиот“ од 2001 година. Покрај Мјаку, во „Татко“ играат и: Амернис Нокшиќ, Фисник Зеќири, Сабина Мемиши Асланај, Мелика Кастрати, Флакрон Алији. Сценографијата е на Енес Деари, костимографијата на Изет Цури. Оваа претстава ќе се надоврзе на претстави со висок уметнички квалитет, како што се: „Дневникот на лудиот“ од Гогољ, „Таткото“ од Стриндберг, „Вујко Вања“ од А. П. Чехов и ТВ филм „Татковите книги“ од Л. Старова. Во копродукција со Националниот театар Приштина, Албанскиот театар – Скопје и „Ibsen Award“ од Скиен, Норвешка, се реализираа: мегапроектот „Пер Гинт“ од Х. Ибзен, „Сократовата одбрана“ од Платон, „Народен непријател“ од Х. Ибзен и „Се бара стар кловн“ од М. Вишњек. Воедно, со ликот на Таткото, Мјаку ќе ја заокружи својата блескава 53-годишна театарска…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti