klik.world
Kultura Sjeverna Makedonija

Премиера на претставата „Фрида“ во Драмски театар

Премиера на претставата „Фрида“ во Драмски театар
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·14. 10. 2026. 10:29:35

На денешната прес-конференција во Драмски театар Скопје беше претставена „Фрида“, приватен проект во соработка со Драмски театар Скопје, по текст на Драгана Левенска, во режија на Тамара Стојаноска. Претставата ќе има претпремиерна изведба на 18 октомври, а праизведбата е на 19 октомври, со почеток во 20:00 часот. За првпат на македонската театарска сцена, „Фрида“ ја отвора приказната за Фрида Кало зад портретите и легендата. Не како недопирлива икона на поп-културата, туку како жена чие тело било обележано со болка, а чиј живот, љубови, загуби и противречности станале неразделни од уметноста што ја создавала. Несреќата што засекогаш го менува нејзиното тело, бурната љубов со Диего Ривера, предавствата, копнежот по мајчинство, слободата, политичките убедувања и интимните односи се дел од сценскиот пат кон човекот зад препознатливиот лик. Претставата не е замислена како биографска хроника што ги подредува фактите од животот на Кало, туку како театарско истражување на она што останува кога ќе се тргне историската рамка. Авторката Драгана Левенска во процесот тргнала токму од Фрида која јавноста не ја гледа: Фрида во својот дом, зад затворените врати и без публика. Наместо потрага по „точната“ Фрида и „точниот“ Диего, фокусот е на човекот во нив, со слабости, страсти, стравови, љубов и противречности. Режисерката…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti