klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Преку Министерство за финансии се реконструира Поликлиниката „Идадија“ – инвестиција вредна над 31 милион денари

Преку Министерство за финансии се реконструира Поликлиниката „Идадија“ –  инвестиција вредна над 31 милион денари
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·24. 07. 2026. 08:19:02

Започна реконструкцијата на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника „Идадија“, инвестиција вредна над 31 милион денари. Проектот „Реконструкција на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника Идадија со мерки за зголемување на енергетската ефикасност“ се реализира преку Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП), кој го имплементира Проектната единица при Министерството за финансии, во соработка со Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF). Договорот за грант помеѓу Здравствен Дом Скопје и Министерство за Финансии беше потпишан во декември 2025 година по што беше спроведена постапка за јавна набавка и во март оваа година беше потпишан договорот со избраниот изведувач во вредност од 31.028.850 денари, по што започна реализацијата на градежните работи. Со реконструкцијата објектот ќе добие современи енергетски ефикасни решенија, подобри услови за работа на медицинскиот персонал и поквалитетни услови за престој на пациентите. Поликлиниката „Идадија“, изградена во 1975 година, повеќе од четири децении функционираше со застарена инфраструктура – без соодветна термоизолација, со дотраена фасадна столарија, неефикасен систем за греење и застарено осветлување. Таквата состојба резултираше со висока потрошувачка на енергија и зголемени трошоци за функционирање и одржување на објектот. Реконструкцијата се спроведува врз основа на претходно изработена енергетска контрола и…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti