Преку игра и забава до супер англиски, професори од Британија доаѓаат во Скопје – Поинаков летен камп за вашето дете

Од 17 до 21 август во Скопје ќе се одржи летен камп по англиски јазик за деца на возраст од 7 до 13 години. Преку интерактивна настава, децата природно ќе го вежбаат англискиот јазик, градејќи комуникациски вештини без притисок. Децата учат како да ги искажат своите мисли и ставови на англиски и се охрабруваат да зборуваат сигурно и ефикасно, без страв од грешка. Една поразлична недела во која вашето дете преку игра, забава, проекти и драмски скечеви ќе научи и ќе ги усоврши своите вештини за говорење на англискиот јазик. Часовите на летниот камп ќе ги одржуваат квалификувани професори од Велика Британија кои ги испраќа English in Action — единствената организација во светот што го прави тоа. По завршениот летен камп, децата добиваат меѓународен сертификат од English in Action, организација акредитирана од EAQUALS, веќе 20 години активна во над 400 училишта во 20 земји. Летниот камп кој е во организација на Вербион Еду ќе се одржи во едукативниот центар Чунга Лунга, а сите детали може да ги пронајдете ТУКА.
Povezane vijesti

Важни чекори со кои вашиот омилен костим за капење ќе изгледа како нов повеќе сезони
Stalno ste umorni posle plaže ili bazena? Nije samo od plivanja: Nutricionisti otkrili kojih 5 namirnica morate jesti da oporavite telo i kožu od sunca!
