Прекината состојбата на епидемија во Гостивар

Центарот за јавно здравје Тетово денеска одлучи да ја прекине состојбата на епидемија во Гостивар, истакна на прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски. Според нивните епидемиолошки податоци, посочи министерот, нема веќе случаи на ентероколитис или стомачни проблеми поврзани со водата за пиење. Вчера заврши и триесетдневната кризна состојба во Гостивар што беше прогласена од страна на Владата на 20 јули, поради загадување на водата за пиење и неможноста на локалната самоуправа да се справи со настанатата состојба и епидемијата која погоди неколку илјади граѓани. Директорот на ДЗС Стојанче Ангелов вчера информира дека според последните анализи, водата во Гостивар е чиста и безбедна за пиење. - Со истекувањето на кризната состојба, институциите од централната власт, вклучително и ЈП Водовод од Скопје се повлекуваат од контрола на квалитетот на водата. На ред е локалната власт, локалната самоуправа да се погрижи гостиварчани понатаму да пијат чиста и безбедна вода, рече Ангелов.
Povezane vijesti

ЕК издвојува речиси 170 милиони евра за производство на ракети, беспилотни летала и муниција

U Rusiji tražili medvjeda koji ne postoji. Žena ga napravila pomoću ChatGPT-a
