Преглед на вестите од светот

Најмалку 11 лица загинаа кога мал авион со група падобранци се урна во близина на градот Нанси во Франција. Авионот паднал ненадејно во населено место. Во него имало група падобранци – студенти и инструктори. Француските медиуми пренесуваат дека дел од жртвите биле медицински сестри, а групата била на обука за скокови со падобран. Итните служби веднаш пристигнале на местото на несреќата. Истрагата за причините за падот е во тек. Венецуела и натаму се бори со последиците од двата разорни земјотреси. Бројот на загинати се искачи на 1.430, додека повеќе од 55.000 луѓе сè уште се водат како исчезнати. Спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по преживеани. Една од ретките добри вести е спасувањето на 11-годишно момче, кое беше извлечено живо од урнатините во крајбрежната држава Ла Гуаира по шестчасовна акција. Спасувачите велат дека секој спасен живот е вистинско чудо. Оштетени се речиси 1.500 објекти, а повеќе од 3.100 семејства останале без дом. Регистрирани се и над 430 последователни потреси, од кои најсилниот денес достигна јачина од 4,5 степени според Рихтер. Во меѓувреме, меѓународната помош продолжува да пристигнува. Европската Унија одвои пет милиони евра итна помош и го активираше сателитскиот систем „Коперникус“ за мапирање на штетите и поддршка на спасувачките операции. Во…


