klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Предвремени избори за градоначалник на Брвеница на 18 октомври

Предвремени избори за градоначалник на Брвеница на 18 октомври
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·07. 08. 2026. 10:12:08

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, ја потпиша одлуката за распишување на предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври 2026 година. Како што соопшти Гаши, одлуката е донесена во согласност со Уставот, Изборниот законик и важечките закони, а од Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија во Брвеница и сите надлежни институции очекува изборниот процес да биде спроведен професионално, непристрасно и во целосна согласност со законските процедури. Тој упати повик до сите кандидати и политички субјекти изборната кампања да ја водат достоинствено, со натпревар на програми, идеи и визија за развој на општината, наместо со реторика што поттикнува поделби или ја нарушува довербата на граѓаните во демократскиот процес. Гаши ги повика и граѓаните на Брвеница активно да учествуваат на изборите и одговорно да го искористат своето демократско право на глас, придонесувајќи за мирен, уреден и кредибилен изборен процес. „Убеден сум дека овие избори ќе ја потврдат демократската зрелост на институциите и на нашите граѓани“, се наведува во обраќањето на претседателот на Собранието.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti