Предупредување до родителите: Не објавувајте фотографии од деца на интернет, ВИ може да ги претвори во порнографски материјал

Британската агенција за борба против криминалот и Фондацијата за надзор на интернет објавија нови препораки за заштита на децата од зголемената употреба на вештачка интелигенција (ВИ) за создавање педофилски содржини. Тие ги предупредуваат родителите да не објавуваат фотографии од нивните деца на интернет, бидејќи со помош на ВИ тие можат да се претворат во порнографски материјал. Предупредувањето уследи откако училиште во Велика Британија беше на мета на криминални групи кои користеа јавно достапни фотографии од ученици и со помош на ВИ создадоа порнографски материјал, а потоа се заканија дека ќе го објават доколку не им биде платено. Аналитичарите од Фондацијата за надзор на интернетот во 2025 година откриле 3.400 видео-снимки генерирани со ВИ, додека во 2024 година нивниот број изнесуваше 13. - Заканата е вознемирувачка. Не велиме да не се споделуваат фотографии од децата со луѓето што ги сакате и на кои им верувате, но сакаме луѓето да бидат свесни за потенцијалните ризици и да носат информирани одлуки имајќи ги предвид сите факти, изјави извршната директорка ба Фондацијата за надзор на интернет, Кери Смит. Според неа последиците од објавените фотографии можат да бидат катастрофални. Смит ги советува родителите на социјалните мрежи да креираат групи „пријатели“, каде ќе споделуваат фотографии од…
Povezane vijesti

Британски агенции: Не објавувајте фотографии од деца, вештачката интелигенција ги претвора во педофилска содржина

„Пазете се од злоупотреби со вештачка интелигенција“ — Британија ги предупреди родителите да не објавуваат фотографии со деца
