klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Предмети што треба да се чуваат подалеку од сончева светлина

Предмети што треба да се чуваат подалеку од сончева светлина
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·19. 10. 2026. 11:40:51

Поради избледување на боите на предметите, како и нивна можна деформација, стручњаците советуваат да се избегнува нивно чување покрај прозорците преку кои влага директна сончева светлина. Тие издвојуваат неколку предмети, а на прво место се книгите, што според нив можат да го изгубат својот облик и боја. Како што објаснува експертката за чистење, Софија Мартинез, ултравиолетовите зраци се особено штетни за обвивките и кориците на книгите дури и во послабо осветлени. Според неа, променливото време и влажноста можат да го ослабат нивниот повез, што би довело до кинење на книгата. Земајќи го предвид ова, Мартинез препорачува домашната библиотека да не биде директно изложена на сончева светлина. Според неа, најдобро решение е да се наместат покрај внатрешен ѕид, да може воздухот слободно да циркулира зад книгите. Уште еден предмет со ризик за уништување се и фотографиите, поради, како што вели таа, хемикалиите во нив. по што, со тек на времето можат да избледат, да ја променат бојата или да се искриват. Следни кои мора да се чуваат подалеку од прозорецот, се и батериите, што според експертите можат да се уништат доколку се изложат на висока температура. Особено се нагласува дека литиум-јонските батерии треба да се чуваат на ладно и темно место…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti