klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Предложен притвор за УБИЕЦОТ НА СОПРУГАТА ОД ТАОР

Предложен притвор за УБИЕЦОТ НА СОПРУГАТА ОД ТАОР
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·29. 06. 2026. 09:00:43

Основното јавно обвинителство Скопје синоќа донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишник за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. На 25 јуни, во атарот на селото Летевци, при вршење семејно насилство, тој со умисла ја лишил од живот неговата сопруга. Осомничениот вечерта со автомобил ја зел жената од нејзиното работно место, ја однел во тешко пристапен терен каде физички ја нападнал. Со дел од неговото тело силно ја притиснал на вратот, а истовремено и ги држел затворени устата и носот за да не може да дише. Жртвата пружала отпор и се бранела, но не успеала да се оттргне и се задушила и починала на лице место. Осомничениот го скрил нејзиното тело под гранки помеѓу дрвја, а утредента во полиција пријавил дека неговата сопруга е исчезната. На 27 јуни, на тројца познаници им кажал дека знае каде се наоѓа жената, бидејќи му се појавила во сон и му кажала каде да оди за да ја спаси. Сите со возило се упатиле кон локацијата каде го забележале телото на жената и пријавиле во полиција. Јавниот обвинител оцени дека во конкретниот случај постојат околности кои укажуваат на опасност…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti