Пред Мундијалот имаше 50.000, а сега 29 милиони следбеници на Инстаграм – Возиња бара нов клуб

Голманот на Зеленортски Острови пристигна на Светското првенство како релативно непознат, но си заминува како глобална ѕвезда. За само неколку недели, Возиња од анонимен играч се претвори во спортист кој е запиран за фотографии, дава интервјуа за светските медиуми и има милиони следбеници на социјалните мрежи. Тој инсистира дека славата не го променила и дека останал истата личност. „Славата не ме промени многу. Морам да останам тоа што сум“, изјави тој за шпанска „Марка“ за време на турнирот „ФИФА Легенди“ во Рокфелер Центарот во Њујорк. Додека светските шампиони, победниците на Лигата на шампионите и некои од најголемите имиња во фудбалот во последните децении играа само на неколку метри оддалеченост, многу фанови го бараа исклучиво голманот на Зеленортски Острови. Неговата популарност експлодираше по натпреварот против Шпанија. Тој влезе во натпреварот со околу 50.000 следбеници на Инстаграм, а по одличната изведба, таа бројка скокна на речиси 14 милиони. До крајот на првенството, тој надмина 28 милиони и стана фудбалер со најголем раст на популарноста на турнирот, надминувајќи го дури и Ерлинг Халанд. Моментално го следат околу 29 милиони луѓе. Возиња на 3-ти јуни го прослави својот 40 роденден. „Пред првенството, би рекле дека сме од Зеленортски Острови, но 90 проценти од светот…
Povezane vijesti

Molina udario Rodrija, Španci mu poručili: Ne vraćaj se u zemlju gdje zarađuješ hljeb

Панчев: Шпанија беше доминантна, фудбалот се менува – ерата на големите поединци завршува
