klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Пред големото финале го прашаа Меси за познатата фотографија со Јамал: „Животот е чуден“

Пред големото финале го прашаа Меси за познатата фотографија со Јамал: „Животот е чуден“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·18. 07. 2026. 16:23:42

Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Меси, во пресрет на финалето на Светското првенство против Шпанија упати големи пофалби за младиот шпански репрезентативец Ламин Јамал. Меси го нарече Јамал еден од најдобрите фудбалери во светот, но истовремено порача дека се надева оти младиот ас нема да го одигра својот најдобар натпревар токму во финалето. Аргентинската ѕвезда зборуваше на заеднички настан што ФИФА го организираше во рамките на „Fan Fest“ пред големото финале. На настанот присуствуваа и селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, шпанскиот капитен Родри, селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, како и голманот Емилијано Мартинез. „Ламин е одличен фудбалер. Го следев бидејќи настапува за клубот што го сакам и на кој секогаш му посакувам сè најдобро. Со само 19 години веќе е еден од предводниците на светскиот фудбал. Пред него е целата кариера и можноста да постигне нешто историско. Ние ќе се обидеме тоа да не се случи овојпат“, изјави Меси. Фотографијата што повторно стана вирална Аргентинскиот капитен се осврна и на фотографијата направена пред 19 години за хуманитарен календар, на која тогаш младиот Меси го држи во рацете бебето Ламин Јамал. Фотографијата во последните месеци повторно привлече огромно внимание, особено откако стана јасно дека двајцата ќе се соочат…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti