klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Пречек за македонската тенисерка Лина Ѓорчевска

Пречек за македонската тенисерка Лина Ѓорчевска
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·03. 07. 2026. 11:52:31

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска организираше пречек за македонската тенисерка Лина Ѓорческа по нејзиниот историски настап на најпрестижниот светски тениски турнир на Вимблдон, каде за првпат во историјата една македонска тенисерка настапи во главната фаза. Со овој гест, Министерството за спорт и Владата испратија јасна порака дека државата знае да ги препознае, вреднува и почитува спортските успеси кои испишуваат нови страници во македонската спортска историја. Министерот Ристoвски ѝ честиташе на Ѓорческа за извонредниот успех и за историскиот пласман меѓу најдобрите светски тенисерки, нагласувајќи дека нејзиниот настап претставува момент на гордост за целата држава. „Лина, да знаеш дека цела Македонија и сите нѐ направи многу горди и среќни. Ова што го направи е историски успех и доказ дека македонскиот спорт има луѓе кои можат да се натпреваруваат на најголемата светска сцена“ - истакна Ристoвски. Ѓорческа се заблагодари за поддршката, потенцирајќи дека настапот на Вимблдон претставува остварување на еден долгогодишен сон, но и дополнителен мотив за нови успеси во кариерата. За време на средбата беше разговарано и за идните планови на Ѓорческа, како и за потребата од системска поддршка на индивидуалните спортови и создавање услови младите македонски спортисти да имаат можност да се развиваат и да настапуваат на највисоко светско ниво…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti