klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Правото на дијаспората да гласа не е партиско прашање, туку демократски принцип

Правото на дијаспората да гласа не е партиско прашање, туку демократски принцип
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Јове Кекеновски·03. 07. 2026. 07:29:33

Демократијата не завршува на државната граница. Таа не престанува да важи во моментот кога еден државјанин ќе замине на работа, студии или трајно ќе се насели во странство. Напротив, демократската држава има обврска да обезбеди секој нејзин државјанин да може реално, а не само формално, да го оствари своето избирачко право. Затоа расправата за гласањето на македонската дијаспора не смее да се сведе на дневнополитички пресметки и партиски калкулации. Таа е прашање на демократски принципи, уставна еднаквост и национална одговорност. Во последните денови јавноста повторно е сведок на политичка полемика околу можноста за поедноставно гласање на македонските државјани кои живеат во странство. Повод е иницијативата на Владата за воведување современи форми на гласање, вклучително и електронско или гласање по пошта, со цел да се олесни остварувањето на избирачкото право на дијаспората. Наместо аргументирана расправа за тоа како ова право да се направи подостапно и побезбедно, дебатата повторно се претвори во меѓупартиска пресметка во која суштината останува во втор план. Токму тука се поставува прашањето: дали навистина разговараме за заштита на изборниот процес или, всушност, разговараме за тоа кому му одговара, а кому не му одговара поголемата излезеност на македонските граѓани што живеат надвор од државата? Ако расправата се води исклучиво…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti