klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Пратеничките Пешевска и Петкоска на Женскиот парламент во Подгорица

Пратеничките Пешевска и Петкоска на Женскиот парламент во Подгорица
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·20. 07. 2026. 16:32:41

Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Собранието на Република Македонија, Жаклина Пешевска и пратеничката и членка на Комисијата Лидија Петкоска, на покана на претседателката на Одборот за рамноправност на Парламентот на Црна Гора, Јеленка Андриќ, учествувале на деветнаесеттата седница на Женскиот парламент, што се одржа во Подгорица по повод одбележувањето на 25-годишнината од основањето на Одборот за рамноправност и воспоставувањето на институционалниот механизам за унапредување на рамноправноста во Црна Гора. Како што информираат од собраниската прес-служба, настанот претставуваше можност за размена на искуства и ставови меѓу парламентарките од регионот за предизвиците и достигнувањата во унапредувањето на рамноправноста, како и за улогата на парламентите во креирањето политики што обезбедуваат еднакви можности и поголемо учество на жените во јавниот и политичкиот живот. Во рамките на посетата била одржана средба меѓу претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Собранието на Република Македонија, Жаклина Пешевска, и претседателката на Одборот за рамноправност на Парламентот на Црна Гора, Јеленка Андриќ. На средбата биле разменети искуства и добри практики во работата на двете комисии, при што беше разговарано за можностите за натамошно интензивирање на меѓупарламентарната соработка, реализација на заеднички активности и иницијативи, како и за унапредување на законодавната…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti