klik.world
Region Sjeverna Makedonija

Пратеничка го гаѓаше Курти со јајца во косовскиот парламент

Пратеничка го гаѓаше Курти со јајца  во косовскиот парламент
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·08. 08. 2026. 20:07:22

Денеска во Приштина продолжи конститутивната седница на косовското собрание во Приштина, но по само неколку минути работа седницата повторно беше прекината поради напад врз лидерот на Самоопределување и в.д. премиер, Аљбин Курти. Уставниот рок од 30 дена за конститутивната седница на која се избираат претседател и потпретседател на собранието истече на полноќ. Курти беше гаѓан со јајца, откако претходно од говорницата повторно побара дополнително време за консултации, а нападот го изврши пратеничката на Алијансата, Тиме Кадриај, која фрли неколку јајца кон него. Ова доведе до прекин на седницата и влегување на телохранителите на Курти во салата. Претседателот на Собранието Авни Дехари најави дека пратениците ќе бидат информирани подоцна кога ќе продолжи седницата. Веднаш потоа, пратеничката на ЛДК Јехона Лушака им изјави на новинарите дека барањето на Курти за дополнително време за консултации е неодговорно, но дека движењето Самоопределување треба да предложи кандидат за претседател на Собранието.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti