Пратениците одлучуваат од кога кај матичен лекар ќе се изјаснуваме за донирање на органите по смртта

Бубрег на некој што е на дијализа ќе може да даде и прв братучед а дали после смртта нашите органи ќе бидат донирани ќе зависи од личната волја потпишана кај матичен лекар и евидентирана во Мој термин. Ова се клучните измени на законот за трансплантација кој веќе помина на матичната комисија за здравство во Собранието а утре е на дневен ред на законодавно правната. Колку е важна потребата ова законско решение што побрзо да стапи на сила ќе покаже гласањето на пратениците и од власта и од опозицијата на пленарната седница. Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ вели дека со ова ќе се затвори едно круцијално здравствено прашање. -Јас би сакала само да нагласам дека сегде во светот каде сум работела како медициснки работник или каде што сум престојувала секаде било понудувано на матичен лекар при обична контрола да се изјасни граѓанинот којшто е полнолетен дали во случај на смрт би ги донирал органитер и ова не е невообичаена пракса било каде во светот ова е нормална пракса за која би се зачудила зошто до сега не е воспоставена во Македонија. Мислам дека излегуваме во пресрет на плејада на луѓе на кои оваа медицинска процедура им е неопходна, вели Рашела Мизрахи, пратеник…


