Познати сите кандидати за изборите во БиХ

На политичките партии кои се пријавија за учество на општите избори во Босна и Херцеговина, закажани за 4 октомври, денеска им истекува рокот до кој до Централната изборна комисија (ЦИК) треба да ги достават листите со своите кандидати. Последниот момент за тоа, поради постојаните расправии, го чекаше опозицијата во Република Српска, пренесоа локалните медиуми. Откако ќе бидат спроведени проверките и заверките на кандидатските листи и на самите кандидати, Централната изборна комисија на БиХ ќе ги објави сите заверени листи до 20 август. Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, вчера соопшти дека се откажува од кандидатурата за претседател на Република Српска, и тоа во корист на Бранко Блануша, кој беше предложен од Српската демократска партија (СДС). - За нас единството на опозицијата е на прво место и ние ќе ги поддржиме кандидатите на СДС, Бранко Блануша и Маринко Божовиќ – изјави Станивуковиќ, ставајќи крај на повеќемесечните меѓупартиски несогласувања кои сериозно ги нарушија плановите во октомври од власт да се отстрани Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) на Милорад Додик. Блануша беше кандидат за претседател на Република Српска, но со тесна разлика беше поразен во соочувањето со Синиша Каран од СНСД на предвремените избори организирани во 2025 година, откако Додик беше сменет врз…


